03.05.2015.

Мирко Ивановски првак на Унгарија со Видеотон

ВТОРА ТИТУЛА НАЦИОНАЛЕН ПРВАК ВО КАРИЕРАТА ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ МИРКО ИВАНОВСКИ
На четири кола до крајот на унгарското фудбалско првенство, Мирко Ивановски и неговиот Видеотон и математички се шампиони на својата земја. По вчерашната победа на гостувањето кај Дебрецин со 1:2 и само ремито на второпласираниот Ференцварош на гости кај Печи, предноста скокна на огромни и недостижни 13 бода, што јасно покажува за супериорноста на Видеотон.
Екипата на битолчанецот има само еден пораз оваа сезона, а на 20 мај може да дојде и до двојната круна, бидејќи игра во финалето на Купот против Ференцварош. Ова е втора титула за Видеотон во унгарската лига по 2010/11, кога премиерно се радуваше. Ивановски кој во јануари од романскиот Клуж дојде во Видеотон, претходно беше првак на Македонија со екипата на Македонија Ѓ.П.

Нема коментара:

Постави коментар