Powered By Blogger

20. 5. 2015.

Томче Петрески освои двојна круна со Беса Фамилија

МАКЕДОНСКИОТ ТРЕНЕР ПЕТРЕСКИ ОСВОИ ДВА ТРОФЕИ СО БЕСА ФАМИЛИЈА ВО КОСОВСКА ЛИГА
За две недели завршува сезоната во Косово, а македонскиот стручњак Томче Петрески со успех ја завршува првата сезона во Беса Фамилија. На убедлив начин ја освои косовската лига, бидејќи има 13 бода повеќе од второпласираната Приштина на две кола до крајот.
Минатиот викенд го освои и Купот на Косово со победата во финалето против Приштина со 30:23. Хрватот Горан Бљака со 11 гола беше најефикаасен во победничката екипа. Во екипата на Беса Фамилија со успех на голот веќе со години настапува прилепчанецот Даниел Дупјачанец. Во ЕХФ Купот оваа сезона, Беса Фамилија го мина првото коло со две победи против естонската Кера, но потоа во второто коло два пати загуби од Нексе Нашице од Хрватска. 

Нема коментара:

Постави коментар