Powered By Blogger

1. 5. 2015.

Секуловски пишува историја во Мјанмар

МАКЕДОНСКИОТ СТРУЧЊАК ГО ВНЕСЕ СВОЈОТ КЛУБ ВО НОКАУТ ФАЗАТА ОД АФЦ КУПОТ
Ајејавади јанајтед од Мјанмар предводен од битолскиот тренер Марјан Секуловски за прв пат во својата историја успеа да ја мине групната фаза од АФЦ Купот, откако славеше со 4:3 против Лао Тојота.
Еден од стрелците на клучниот натпревар беше и македонскиот интернационалец Ристе Наумов. Ајејавади го обезбеди второто место во групата Х во рамките на второто по ранг клупско натпреварување во Азија. До крајот на групната фаза има уште еден натпревар, а тимот од Мјанмар би можел да го освои и првото место доколку слави во последниот натпревар, а лидерот Персиб загуби.

Нема коментара:

Постави коментар