15.05.2015.

Металург ги декласира пелистерки, кои не можеа да парираат само со Мурговска

ПОРАЗ ОД 23 РАЗЛИКА ЗА РАКОМЕТАРКИТЕ НА БОРЧЕ МАРКОВСКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД КУПОТ ВО СКОПЈЕ
Куп на Македонија - полуфинале
ЖРК Металург - ЖРК Пелистер 44:19 (22:11)

Ракометарките на ЖРК Пелистер се елиминирани во полуфиналето на Купот на Македонија. Уште пред почетокот на натпреварот фаворитот беше познат, а не сменија ништо ниту 60 минути на теренот. ЖРК Металург рутински ја одработи својата задача, декласирајќи го Пелистер со 44:19 (22:11)  во првото полуфинале во Купот на Македонија.
Поради грешките на пелистерки, многу често ракометарките од „Автокоманда“ завршуваа со молскавична контра, во која предничеше Јована Саздовска. Репрезентативното лево крило постигна дури 14 гола, полнејќи ја до врв мрежата на битолчанки. Сепак и Пелистер имаше одговор преку Викторија Мурговска, која постигна 12 од 19 гола на својот тим.

Нема коментара:

Постави коментар