19.05.2015.

Минаа 13 години од единственото македонскo финале на еден европски Куп: Некогаш европски, а сега мизерен Пелистер

НЕКОГАШ СТРАВ И ТРЕПЕТ, ДЕНЕС ЕДВАЈ ПОСТОИ. МИНАА 13 ГОДИНИ ОД ЕДИНСТВЕНОТО МАКЕДОНСКО МАШКО КУП ФИНАЛЕ 
Битолски Пелистер доживува тешки денови и наредната година нема да игра во европските купови, само втор пат во својата историја во македонскиот ракомет. Но точно пред 13 години, Пелистер е единствената машка екипа од нашата земја која играла финале на еден европски Куп.
Битолчани загубија од данскиот Скјерн во финалето на челинџ Купот во сезоната 2001/02. Откако во Битола екипата на Маковеј и Стефановски го победи данскиот претставник со 27:20 (16:13), во Скандинавија беше убедливо поразена со 34:17 (18:5). На патот до финалето на тогаш силниот Челинџ куп со екипи од Скандинавија, Франција, Русија, пелистерци ги елиминираа Зенит Казан, ПСЖ, Килкис и данскиот Фредерисберг.
Екипата беше одлично селектирана и сочинувана скоро само од македонски ракометари: Горбах, Тоскоски, Ангелов, Димитровски, Николовски, Златко Мојсоски, Калајџиоски, Секулиќ, Макалоски, Поповски, Јоноски, Шундовски, Темелков, Митков и Наумче Мојсоски. Претседател на клубот беше Спиро Мавровски. Пелистер претходно играше во полуфиналето од Купот на куповите и беше елиминиран од Лемго во сезоната 1995/96.  

Нема коментара:

Постави коментар