6. 8. 2014.
ФФМ му даде право на ФК Пелистер: Стадионот беше безбеден, клубот ги изврши потребните корекции
СТАДИОНОТ ВО БИТОЛА БИЛ БЕЗБЕДЕН ЗА „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„
По повод забелешките
дека телото за инфраструктура на ФФМ
не требало да даде зелено светло за
одигрување на прволигашкиот натпревар
помеѓу Пелистер и Вардар на Тумбе кафе,
телото при ФФМ даде известување до
јавноста за превземените мерки од
страна на соспствениците на стадионот
во правец на отстранување на недостатоците,
поткрепено со фото-документација.
Работнички го обезбеди талентираниот Јоциќ од Пелистер
ТАЛЕНТИРАНИОТ ЈОЦИЌ ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР ЗА ДА МУ ПРИСТАПИ НА РАБОТНИЧКИ
Еден од најталентираните фудбалери од школата на Пелистер, 17 годишниот Дарко Јоциќ од денес е нов член на Работнички. Левиот бек на младинската екипа на Пелистер, кој веќе дебитираше за сениорската екипа и минатата сезона одигра два натпревари, му пристапи на дебармаалци како слободен фудбалер.

Пелистер со ништо не го испровоцира инцидентот, битолчани изненедани од соопштението на Вардар
БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ СЕ ОГЛАСИ ПО НЕДЕЛНИОТ ИНЦИДЕНТ
Соопштение на ФК ПЕЛИСТЕР АД
ФК ПЕЛИСТЕР како организатор на натпреварот ФК Пелистер – ФК Вардар во рамките на 1 - коло на новиот шампионат на Македонија најискрено жали за неделните инциденти на стадионот под Тумбе кафе и најостро го осудува секој обид за насилство на фудбалските терени. Во таа линија ја подржуваме внимателноста на ФФМ да има жестоки санкции за тие кои го иницираат насилството без разлика на кој клуб му припаѓаат. ФК ПЕЛИСТЕР темелно и до најмалите детали го подготвуваше мечот со Вардар, посебно заради промените во клубската структура.
5. 8. 2014.
Соопштение на внатрeшена контрола: Полицаецот не знае како ја загубил бомбата?
НЕРАЗЈАСНЕТА СИТУАЦИЈА И ПО ИЗВЕШТАЈОТ НА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА
Внатрешната контрола за професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР) ја заврши истрагата за тешкиот инцидент кој што се случи во неделата кога експлозијата му откина два прста од левата рака на навивачот на Комитите, Горан Николоски – Турчин.

4. 8. 2014.
ФФМ го осуди настанот и ги нарече вардаровите навивачи како неразбирливи и нерационални
ПО СООПШТЕНИЕТО НА ФК ВАРДАР И ФФМ СЕ ОГЛАСИ ОКОЛУ ИНЦИДЕНТОТ
По случувањата на мечот
Пелистер - Вардар и соопштението на ФК
Вардар, се огласи и ФФМ со свој став во
кој ги осуди настаните и директно ги
обвини навивачите на Вардар нарекувајќи
го крајно нерационално и неразбирливо
однесување на поединци од таа навивачка
група кои го доведоа во прашање животот
на останатите присутни на стадионот.
Соопштението на куќата на фудбалот го
емитуваме во целост:
Како дошла шок-бомбата во раката на навивачот на Вардар?
ЕДЕН ВИД РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАСТАНИТЕ СИНОЌА ВО БИТОЛА, ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ НА ПОЛИЦИЈАТА
Г.Н. (37) е навивачот што вчера доби тешки повреди на левата рака за време на натпреварот меѓу Вардар и Пелистер во Битола. На „комитата", кој меѓу навивачите е познат како „Турчин", тешко му е повредена дланката и сè уште нема информации од скопските клиники за евентуалните последици по повредата.

Наум Љамчевски, нов координатор на школата на ФК Пелистер
КОМПЛЕТИРАНИ ПРОМЕНИТЕ И ВО ФУДБАЛСКАТА ШКОЛА НА ПЕЛИСТЕР
Откако пред
повеќе од 10 дена дојде до измени во управувачкиот пакет на клубот, а веднаш
потоа и во стручниот штаб каде на местото на Драган Бочевски дојде Марјан
Секуловски, од денес ФК Пелистер ги официјализира промените и во фудбалската
школа.
3. 8. 2014.
ФОТО: Дербито имаше и убава страна: Чкембари и од тобоганот на Олимпискиот базен навиваа за Пелистер
ПРВОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА НЕ БЕШЕ ТАКА ЦРНО
На теренот
прикажаниот фудбал не ги воодушеви љубителите на најубавата споредна работа на
светот. Затоа пак на трибините со исклучок на изолираниот инцидент во финишот,
се изгледаше прекрасно, со навивачки колорит, со кореографија на „Чкембарите„ и
„Комитите„ со стари и нови навивачки рефрени и слично.
Комитите тврдат: „Да не беа битолчани, не знам како ќе стигневме до болницата„
„Шокиран сум. Не знам што да кажам. На стадионот имаше само
едно возило на Брза Помош имаше десетина повредени. Најтешко повредениот замина
со него, а ние останатите, кои што имавме помали повреди моравме да се
снаоѓаме. За среќа „Чкембари„ со свои возила веднаш се појавија на местото. Не
ставија во автомобили и не однесоа во болница. Се што ни беше потребно ни
донесоа“ вели еден навивач за „Курир„
Осум повредени навивачи на Вардар примени во Клиничката болница во Битола
НЕПОВОЛЕН БИЛТЕН ПО ПРВОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА
Осум повредени навивачи се однесени на клиниката во Битола. Како што за Тера изјави за ТЕРА ТВ Јагода Стојановска портпарол на клиничката болница тројца повредени се наоѓаат на одделението за ортопедија од кои еден во тешка здравствена состојба и на негово барање ќе биде пренесен на клиниките во Скопје.

Петров пак кобен за пелистерци
ДЕРБИ СО МАЛКУ ЕМОЦИИ И ЕДЕН ГОЛ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Прва фудбалска лига - 1 - коло
Пелистер - Вардар
0:1 (0:0)
Градски стадион
„Тумбе кафе„ - Гледачи: 5.500
Главен судија:
Марјан Ецкоски (Охрид)
Асистенти: Жарко
Тодоровски (Охрид) и Илчо Јорданоски (Прилеп)
Делегат: Дане
Матеничаров (Дојран)
Стрелец: Петров
во 50 минута за Вардар
Жолти картони:
Темелков (Вардар)
Црвени картони:
нема
2. 8. 2014.
Бајрамовска и Ламбевска претставени во словенечкиот Крим
РЕПРЕЗЕНТАТИВКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРЕТСТАВЕНИ ВО НОВИОТ КЛУБ ВО СЛОВЕНИЈА
Словенечкиот женски ракометен шампион, екипата на Крим, денеска во пресрет на почетокот на подготовките за новата сезона, ги претстави неколкуте нови засилувања, меѓу кои и нашите две поранешни репрезнативки, Мирјета Бајрамовска и Марина Ламбевски.

Битола живее за победа и добар старт на новата сезона
СЕ ЧУВСТВУВА ЕУФОРИЈАТА ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР ЗА МЕЧОТ СО
ПРОТИВНИКОТ КОЈ НАЈМНОГУ МОТИВИРА
Фудбалската „треска„ веќе со денови ја тресе Битола. Секој
па и најмалиот детал околу тимот и клубот ги интересира битолчани, посебно и
заради името на првиот противник. Во претходните неколку сезони откако Пелистер
се врати во Првата лига, секогаш добро играше на првиот натпревар и бележеше
позитивни резултати.
1. 8. 2014.
Грижи околу тимот и повредените во Пелистер
НА ДВА ДЕНА ДО „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ МНОГУ ГРИЖИ ЗА ТРЕНЕРОТ СЕКУЛОВСКИ
Главна, ако не и единствена спортска тема деновиве во
исполнетата со туристи и иселеници Битола е неделното „вечно дерби„ помеѓу
Пелистер и Вардар. Се бројат деновите до почетокот на новата сезона, до
најновото соочување на нашите најтрадиционални прволигаши. И ако минатата
сезона двете екипи го испуштија „возот„ за Европа, оваа посебно Вардар кова
стратегија како да се врати на врвот.
Пријавите се на:
Постови (Atom)