01.11.2015.

Младите металурзи дадоа силен отпор, но Пелистер слави крај на црната серија

ПРЕКИН НА ЦРНАТА СЕРИЈА И БИТНИ БОДОВИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ МЛАДИОТ ТИМ НА МЕТАЛУРГ 
Металург 2 - Пелистер 20:26 (11:13)

Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје.
Делегат: Драган Начевски од Скопје.

Металург 2:
Блажевски (11 одбрани), Петковски, Петрески, Доневски, Реџиќ 2, Шулевски, Стојковски, Бошковски, Димитриоски 8, Стојменов 5, Шилегов 4, Лембанов, Митревски, Лазаревски 1, Беќаровски, Гошевски
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 6 минути.

Пелистер:
Даниловски, Дрогришки 2, Маџовски 5, Тодоровски, Гинов 1, Топиќ 2, Илиевски 1, Маркудов, Крстевски, Рајатовски, Чачиќ 11, Ивановски, Николиќ 2, Вељановски 1, Димитровски , Арсиќ.
Седмерци: 4/5
Исклучувања: 4 минути

Ракометарите на Пелистер ја завршја негативната серија и го совлада Металург 2 во „Автокоманда“  20:26 (11:13). Во првото полувреме и двете екипи имаа свои минути. Прв поведе Пелистер со 0:2, возврати Металург со серија од 4:0, а потоа повторно предност имаше гостинскиот тим. На одмор екипите заминаа при резултат 11:13 за Пелистер. Металург 2 притисна на почетокот на вториот дел, прв постигна гол и тој резултат се задржа во следните неколку минути. Во 35 минута од непосредна близина со топка во глава беше погоден ракометарот на Пелистер, Петар Топиќ, кој доживеа вистински нокаут и беше пренесен на преглед во болница. Прекинот траеше добри десетина минути и тоа лошо се одрази врз играта на двете екипи. Металург помалку се загуби, а искусниот противник ја искористи својата шанса и брзо создаде разлика која веќе не можеше младиот домашен тим да ја стигне.

Нема коментара:

Постави коментар