Powered By Blogger

20. 11. 2015.

Димитровски нов капитен, можни враќања на Пецаковски и Босеовски во Пелистер?

ПЕЛИСТЕР ГО СМЕНИ КАПИТЕНОТ, А НАСКОРО ПЛАНИРА НОВИ ЗАСИЛУВАЊА
Вчера на официјалното пуштање во употреба на новиот прес-центар во спортската сала „ Младост“ во Битола, на јавноста им се обратија првите луѓе на РК Пелистер, кои и најчесто ќе го користат овој простор за средби со седмата сила и официјални прес-конференции.
Координаторот на проектот, Стевче Стефановски обелодени дека клубот донесе одлука за нов капитен да го именува Васко Димитровски, кој пред да замине во Унгарија ја носеше капитенската трака. Негов заменик ќе биде Стефан Дрогришки, кој така ќе биде заштитен од притисокот, кој го носи оваа одговорна улога. Стефановски и тренерот Игор Николовски го најавија пелагониското дерби кое е поместено за в недела од 18:00 часот, а претставува прва можност оваа сезона Пелистер да врзе три последователни победи. Исто така индиректно Пелистер покажа интерес за ракометарите на Макс Струмица кои потекнуваат од школата на клубот. „Точно е дека имаше шпекулации врзани со имињата на Босеовски и Пецаковски. Јас можам да ви кажам дека нема никакви преговори, бидејќи ракометарите се под договор со Макс Струмица. Ние по никоја цена не сакаме да навлегуваме во нивните проблеми, ниту да ги влошиме односите со струмичкиот клуб. Ракометарите ги познаваме многу добро, Босеовски е наш ракометар на отстапка во Струмица, а за Пецаковски не треба да се трошат зборови. Доколку се слободни и се укаже шанса, ние ќе бидеме подготвени“, истакна Стевче Стефановски.

Нема коментара:

Постави коментар