Powered By Blogger

30. 10. 2015.

Откажаа повредените Јоноски и Миркуловски, за турнирот во Умаг повикан и Дрогришки

НОВИТЕ ОТКАЖУВАЊА И ПОВРЕДИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ДРЕС МУ ЈА ОТВОРИЈА ВРАТАТА НА СТЕФАН ДРОГРИШКИ
На меѓународниот турнир во Хрватска на кој Македонија ќе учествува идната недела, ќе мора да се соочи со нови откажувања и нови дополнителни повикувања. Поради повреди турнирот во Умаг наредниот викенд  ќе го пропуштат интернационалците Филип Миркуловски и Ацо Јоноски.
Миркуловски подолго време има проблеми со повредата, па поради тоа селекторот реши да го ослободи од обврските, додека Јоноски вчера му соопштил дека е повреден и дека му престои двенеделна пауза. Селекторот Обрван претходно во репрезентацијата го повика Дарко Димитриевски, а по откажувањето на Миркуловски и Јоноски, повик доби младиот ракометар на Пелистер, Стефан Дрогришки. На турнирот во Умаг противници на Македонија ќе бидат селекциите на Хрватска и Црна Гора.

Нема коментара:

Постави коментар