Powered By Blogger

12. 11. 2015.

Пелистерци со празни џебови се одлучија на штрајк пред пелагониското дерби

НОВИ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ВО ФК ПЕЛИСТЕР ВО НАЈЧУВСТВИТЕЛНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ВО ВТОРАТА ЛИГА
Фудбалерите на Пелистер веќе три месеци немаат добиено плата. Од денес не само што штрајкуваат, туку и најавија дека нема да го одиграат дуелот со Победа.
„По барање на фудбалерите, ја известуваме целокупната јаност дека фудбалерите на Пелистер, од четврток ќе бојкотираат и нема да тренираат. Исто така најавуваат дека нема да го одиграат пелагониското дерби од 12. коло, во кое Пелистер на домашен терен ја пречекува прилепска Победа. Како главна причина за оваа одлука се смета тоа што фудбалерите веќе три месеци немаат добиено плата, а пак уште помалку премии“, соопштија играчите.

Звучи нелогично клуб кој за акционери ги има компанијата „Цермат“ и Општина Битола да не исплаќа плата, но второпласираната екипа на табелата во Втората лига кубури со егзистенционални проблеми. Одлуката околу случајот се очекува утре од 13.00 часот за кога е закажан редовниот тренинг пред мечот со Победа, кој ќе се одржи ако фудбалерите добијат дел од заостанатите барања. Пелистер и натаму нема пораз во Втората лига, но има дури осум нерешени средби. Победата против Гостивар беше голем исчекор за екипата на Штерјовски, но може да падне во вода со најавениот штрајк и сите последици кои тој ги носи.

Мечот Пелистер - Победа е предвиден за в сабота од 13.00 часот на теренот во Новаци. Зелените цела недела се без младинскиот репрезентативец Бурхан Мустафов, кој со селекцијата на Милевски го подготвува неделниот меч со Франција во Скопје. 

Нема коментара:

Постави коментар