Powered By Blogger

4. 11. 2015.

Пелистер се претплати на нула

НОВ ДОМАШЕН КИКС И РАЗОЧАРУВАЊЕ ЗА БИТОЛАЧНИ ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Втора фудбалска лига - 10 - коло
Пелистер - Влазерими 0:0

Стадион „Павел Шатев“ - Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Никола Костенчев
Асистенти: Саше Тошевски и Мервин Топојани (сите од Скопје)
Делегат: Арсо Здравески (Македонски брод)
Стрелци: нема
Жолти картони: Зеќири (Влазерими)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Додевски (од 81м. Лампевски), Главевски, Мустафов, Мирчевски (од 76м. Стојковски), Степановски, Трајковски (од 60м. Недановски), Љамчевски, Петковски, Трифуновски, Димитриоски

Влазерими:
Мирселоски, Исмаили (од 88м. Сефа), Цуцули, Маркоски, Зеќири, Османи, Сејдини, Калаба, Алиу, Имери (од 57м. Ибраими), Алими (од 70м. Вренцоски)

Ниту враќањето во Битола и мечот на теренот со вештачка трева на стадионот „Павел Шатев“ не донесе нови „ветришта“ во Пелистер. Пак реми, пак меч без голови и втор последователен домашен натпревар без победа, што го оддалечува тимот на Штерјовски од основната цел, промоција во Првата лига. Ни малку не беше лесно да се игра во вештачката трева и по ветровитото време, а и затворената формација на Влазерими драстично им ја отежна работата на пелистерци. Прво име во натпреварот беше голманот на гостите, Раиф Мирселоски, кој одбрани неколку тешки топки. Иве Трифуновски и Благојче Главевски во првото полувреме ги имаа најзрелите шанси кај битолчани, со удари од дистанца, но резултатот не се менуваше. Во вториот дел со влегувањето на Стојковски и Недановски, домашниот стручен штаб се обиде да добие на свежина и брзина, но кичевчани без проблеми се одбранија. Следуваат два дерби натпревари за Пелистер, против Гостивар на гости и во пелагониското дерби во Битола.

Нема коментара:

Постави коментар