Powered By Blogger

19. 11. 2015.

Бобан Здравевски на проба во Хајдук Сплит

ЕДЕН ОД НАЈТАЛЕНТИРАНИТЕ ФУДБАЛЕРИ ОД БИТОЛСКАТА ШКОЛА ПРЕД ТРАНСФЕР ВО ХАЈДУК
Младиот талент од Битола, Бобан Здравевски во моментов се наоѓа во Сплит тренира со младинската екипа, и постои можност во иднина да биде дел од славниот тим од „Пољуд“ Тимот на Хајдук би можел да биде следниот клуб за младиот талент од Битола, Бобан Здравевски. Здравевски е репрезентативец на Македонија до 17 години, а игра на позицијата шпиц.
Инаку Здравевски е син на поранешниот македонски репрезентативец Сашо Здравевски. Во моментов Бобан се наоѓа во Сплит каде што тренира со младинскиот тим на Хајдук, и постои можност во иднина да биде дел од славниот хрватски клуб. Тој е еден од најдобрите таленти на негова возраст во Македонија во моментов, и е член на битолски Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар