24.11.2015.

Чесен пораз на Косово и елиминација од Челинџ Купот за пелистерки

МНОГУ ПОДОБРО ИЗДАНИЕ ОД БИТОЛСКОТО И ЧЕСНА ЕЛИМИНАЦИЈА НА ЖРК ПЕЛИСТЕР ВОО ЧЕЛИНЏ КУПОТ
Шкипоња - Пелистер 39:35 (22:18)

Спортска сала „Шана Нуши“ - Ѓаковица. Гледачи: 450
Судии: Константин Кацкис и Михаилис Михаилидис (Грција)
Делегат: Дељан Генчев (Бугарија) 

Шкипоња:
Шедади, Бајрамај, Красничи, Туки, Чекај, Баша 3, Ибрахими, Бајрами 8, Ксаха 4, Келменди 4, Беба 13, Мехмети, Гоки, Малај 7, Кнуши
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути

ЖРК Пелистер:
Шијаковска, Бошевска 1, Трковска 6, Секуловска 2, Жупан 1, Трајковска, Калевска, Спировска 2, Петлеска, Талевска 8, Ставревска, Јовевска, Станоевска, Ципушева, 14 Митоска, Шундовска 1
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 10 минути

Бекот од Гостивар во редовите на Шќипоња постигна дури 13 голови против битолскиот тим. Тимот на Пелистер со уште еден пораз од косовскиот тим Шќипоња се прости од настапите во Челинџ Купот. Овој пат косовскиот тим славеше со 39:35 во реванш мечот од 3.коло. Поранешната ракометарка на Универс, Еуростандард и Металург, Белма Беба постигна дури 13 голови на овој меч, а со оние 12 од првиот, вкупно 25 голови. Во битолскиот тим најдобра беше Теодора Ципушева која постигна 14 голови.

Нема коментара:

Постави коментар