Powered By Blogger

3. 11. 2015.

ФОТО: По подолго време четворица битолчани во репрезентација

ДОПОЛНИТЕЛНО ПОВИКАНИ УШТЕ ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ, ЗА ВКУПНО ЧЕТВОРИЦА ВО ИЗБОРОТ НА ОБРВАН ЗА ТУРНИРОТ ВО УМАГ
Некогаш македонската ракометна репрезентација во голем дел беше составена од ракометари кои поникнале во школата на Пелистер. Во последниоте неколку години по пензионирањето на Стевче Алушовски и неповикувањето на Бранислав Ангеловски, бројот на битолчани во националниот дрес драстично се намали.
Дури и против Шпанија во Скопје во 2013 година, за прв пат ниту еден ракометар од Битола не беше во официјалниот протокол. За турнирот во Умаг, селекторот Ивица Обрван повика четворица ракометари од Битола: Никола Митревски, Стефан Дрогришки, Филип Кузмановски и Васко Димитровски. И покрај тоа што на Пелистер не му оди и оваа сезона, битолчани се неизбежни во дресот со државниот грб. 

Нема коментара:

Постави коментар