Powered By Blogger

24. 11. 2015.

Пелистер го отпушти српскиот голман Игор Арсиќ

ПОРАЗОТ ВО ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ, ГО НАТЕРА ПЕЛИСТЕР ДА ГО ОТПУШТИ ГОЛМАНОТ ИГОР АРСИЌ
По поразот од Прилеп на домашен терен, првата одлука која ја донесе управниот одбор на Пелистер е смената на голманот. Србинот Игор Арсиќ не е повеќе член на битолскиот суперлигаш, откако неговите партии оваа есен не ги задоволија луѓето во клубот.
„Чашата ја прели“ мечот со Прилеп, кога голманите на Пелистер имаа едвај 3-4 интервенции. 26 годишниот Арсиќ беше прво летно засилување, но нема да остане запаметен по кој знае какви настапи во зелениот дрес. Се додека не се одлучи на купување на нов голман, Пелистер ќе се потпре на домашните голмани, а следниот меч ќе го одигра во Скопје против Тинекс Пролет идниот викенд. 

Нема коментара:

Постави коментар