Powered By Blogger

4. 11. 2015.

Планираа победа, добија реми: Пелистер немоќен против Кожув Миравци

НЕОЧЕКУВАН КИКС НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ОХРИД НА МЕЧОТ СО ЕДНА ОД НАЈСЛАБИТЕ ВТОРОЛИГАШКИ ЕКИПИ 
Втора фудбалска лига - 9 - коло
Пелистер - Кожув Миравци 1:1 (0:1)

Стадион „Атина Бојаџи“ - Охрид. Гледачи: 100
Главен судија: Кирил Смоковски
Асистенти: Зоран Костоски и Илчо Јорданоски (сите од Прилеп)
Стрелци: Иве Трифуновски во 57 минута за Пелистер, а Штерјов во 2 минута за Кожув Миравци
Жолти картони: Мустафов, Додевскки (Пелистер), а Недески (Кожув Миравци)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Димитроски, Додевски, Мустафов (од 78м. Лавуровски), Мирчевски, Степановски (од 65м. Лампевски), Недановски (од 46м. Главевски), Трајковски, Трпески, Петковски, Трифуновски

Кожув Миравци:
Гоновски, Недески (од 90м. Папуџиев), Попов, Келешовски, Шабани, Магловски, Делов, Али (од 70м. Хајредин), Ристовски, Зурмовски, Штерјов

Иако сите очекуваа победа против еден од најлошите гости во лигата, Пелистер само ремизираше против Кожув Миравци на градскиот стадион во Охрид. Уште двете екипи не се ни загреале, а по една убава акција од левата страна на гостите, нивниот најдобар напаѓач Штерјов погоди за изненадувачко водство на гостите. Пелистер делуваше изненадено од примениот гол и до одморот создаде само неколку полушанси. Но затоа во вториот дел по влегувањето на Главевски, се созеде и од една гужва Иве Трифуновски погоди за израмнување. Повеќе од половина час имаа зелените на Штерјовски да стигнат до победа, но делуваа нервозно и не успеаа да ја втурнат топката во противничката мрежа.

Нема коментара:

Постави коментар