Powered By Blogger

7. 11. 2015.

Главевски носи три бода од гостувањето во Гостивар

ТРЕТА ПОБЕДА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ВТОРАТА ЛИГА И ИЗЛЕЗ ОД ПЕРИОДОТ НА РЕМИ СРЕДБИ
Втора фудбалска лига - 11 - коло
Гостивар - Пелистер 1:2 (0:1)

Градски стадион во Гостивар. Гледачи: 400
Главен судија: Игор Стојчевски
Асистенти: Филип Ицковски и Даниел Василевски (сите од Скопје)
Делегат: Тони Николовски (Скопје)
Стрелци: Абази во 56 минута за Гостивар, а Мирчевски во 24 и Главевски во 87 минута
Жолти картони: Трајковски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Гостивар:
Мерџани (од 79м. Билбиловски), Димов, Демири, Менга, Абази, Белули, Биљали (од 68м. Адеми), Џеладини, Билали (од 46м. Јонузи(, Неби, Мифтари

Пелистер:
Пашовски, Тодоровски, Мустафов, Мирчевски (од 75м. Главевски), Степановски, Недановски (од 68м. Трпески), Трајковски,  Љамчевски (од 90м. Стојковски), Петковски, Трифуновски, Димитриоски  

Продолжува тоталната непредвидливост на фудбалерите на Пелистер, кои и натаму се непоразени во есенскиот дел на шампионатот во Втората лига, а се вратија на победите и тоа кога на тоа најмалку се надеваа. На жешкото гостување во Гостивар, избраниците на Зоран Штерјовски беа стрпливи и како награда за тоа стигна победата со 2:1. На средина од првиот дел младиот Мартин Мирчевски со гол од втор план ги доведе битолчани во водство. Со тој резултат се отиде на одмор, но Гостивар притисна на почетокот од вториот дел. Домаќините повеќе збркано од организирано, го принудија тимот од Битола да се повлече и заслужено израмнија во 11 минута од вториот дел. Абази со удар од казнениот простор, неодбранливо за гостинската одбрана и голман, погоди за 1:1. До крајот на мечот, Штерјовски внесе и втор класичен напаѓач и плод од таквата замена стигна во самиот финиш. По акцијата на Иве Трифуновски, од втор план се придодаде резервистот Благојче Главевски и погоди за големо славје на зелените. Убав потстрек за пелистерци по двата домашни нерешени резултати, а на недела дена пред пелагониското дерби со Победа.

Нема коментара:

Постави коментар