02.10.2015.

Талевска и Петлеска се справија со Ѓорче

ПО ПОРАЗОТ ВО СКОПЈЕ, РАКОМЕТАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЛАВЕА ПРОТИВ ЃОРЧЕ ПРЕД СВОИТЕ ГЛЕДАЧИ
Пелистер - Ѓорче 26:17 (12:9)

Спортска сала „Младост“ - Битола. Гледачи: 100
Судии: Никола Пауноски и Оливер Спироски (Струга)

Пелистер:
Шијаковски, Трпковска 2, Станоевска 3, Жупан 4, Бошевска, Котевска, Етемовска, Петлеска 7, Талевска 7, Митовска, Јовевска 2, Ставревска, Шундовска, Трајковска
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 12 минути

Ѓорче:
Груевска, Ангеловска, Гулиновска 1, Јовчевска, Здравковска, А. Николовска, Крстановска 2, Мартиновска 4, Тасевска 1, М. Николовска, Михајловска, Србиновска 1, Јованчева 8, Сталеска
Седмерци: 10/8
Исклучувања:  6 минути

По очекуваниот убедлив пораз на гостувањето кај Металург, ракометарките на ЖРК Пелистер забележаа очекувана и лесна победа на домашен терен против тимот на Ѓорче со 26:17 со одлична игра на двете најдобри во битолскиот состав, Петлеска и Талевска. Со оваа победа девојките на Борче Марковски го подготвуваат двомечот со косовскиот Кастриоти во Челинџ Купот. На 17 октомрви во третото коло од Супер лигата, Пелистер пак игра пред своите гледачи против тимот на Овче Поле.    

Нема коментара:

Постави коментар