Powered By Blogger

14. 10. 2015.

Пелистер продолжува да се засилува: Уште двајца повратници го засилија тимот

НОВ КРУЖЕН НАПАЃАЧ И НОВО ДЕСНО КРИЛО АНГАЖИРАШЕ БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН
И покрај негативниот старт со четири порази од првите пет натпревари, битолски Пелистер продолжува да се засилува во обид да ја подобри својата позиција до крајот на есенскиот дел од Супер лигата. Од денес Пелистер е посилен за уште двајца повратници. Васко Димитровски по три месеци минати во унгарскиот нов прволигаш Егер Ежтеражи, се одлучи да се врати во својот матичен клуб.
33 годишниот кружен напаѓач потпиша договор до крајот на оваа сезона и со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Исто така во Пелистер се врати и десното крило Пеце Рајатовски, кој до минатата сезона настапуваше за битолскиот клуб. Исто така Игор Илиевски и Борјан Маџовски започнаа да тренираат по повредите и болеста и се очекува да бидат во тимот пред наредните две гостувања кај Металург и Радовиш. Во првиот еден и пол месец, Пелистер го совлада Тинекс Пролет во Битола, а загуби од Прилеп, Вардар јуниор и Охрид на гостувањата и од Работнички во спортската сала „Младост“ во Битола.

Нема коментара:

Постави коментар