Powered By Blogger

30. 10. 2015.

Манојловски обезбеди медал, битолските кик-боксери сопрени во четвртфиналето

ПОРАЗИ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО И ПОКРАЈ ДОБРИТЕ БОРБИ ЗА ДВАТА БИТОЛСКИ КИКБОКСЕРИ НА МУНДИЈАЛОТ ВО СРБИЈА
Ненад Манојловски обезбеди пласман во четвртфиналето на третиот ден на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Белград. Манојловски во категоријата до 69 килограми кик лајт успеа ефектно да го победи Сачин Сарма од Велика Британија.
На татамите Милан Кубин во кик лајт до 89 килограми имаше борба со Полјакот Матеуш Јересчек во која водеше со голема разлика, но по судиска одлука за прекумерна употреба на сила, доби казнени поени и на крајот ја загуби битката. Порази денеска претрпеа и битолчаните Александар Димовски и Александар Најдовски. Димовски во лоу кик над 91 килограм загуби од Бразилецот Ричард Јакоп, додека Најдовски во дисциплината до 86 килограми беше совладан од Хрватот Лука Симиќ.

Нема коментара:

Постави коментар