Powered By Blogger

21. 10. 2015.

Вардар пак пресилен, Пелистер елиминиран од Купот

ШАМПИОНОТ И ВО РЕВАНШОТ ПОДОБАР ОД ПОДМЛАДЕНИОТ ПЕЛИСТЕР ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА КУПОТ
Куп на Македонија - Осминафинала (реванш) 
Пелистер - Вардар 0:2 (0:2)

Стадион „Гоце Делчев“ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Горан Спиркоски  
Асистенти: Зоран Костоски и Марјан Смилкоски (сите од Прилеп)
Стрелци: Трајковски во 28 (автогол) и Стојков во 40 (пенал) за Вардар
Жолти и црвени картони: нема

Пелистер:
Атанасовски, Додевски, Главевски (од 84м. Лавуровски), Мустафов, Миленковски, Мирчевски (од 56м. Трифуновски), Димитриоски, Неданоски, Трајковски (од 46м. Стојковски), Трпески, Петковски

Вардар:
Гачевски (од 84м. Трајчевски), Мијушковиќ, Љамчевски, Спировски, Дашјан (од 63м. Глишиќ), Асани, Глигоров (од 54м. Велковски), Стојков, Новак, Брдаровски, Петковски

Фудбалерите на Вардар го одиграа и 18 натпревар во низа без претрпен пораз. На возвратен дуел од осминафиналето во Националниот Куп, Вардар како гостин во Прилеп, беше подобар од битолски Пелистер со 2:0. Имајќи предвид дека и воведниот натпревар заврши со победа од 4:1, „црвено-црните“ обезбедија пласман во четвртфиналната рунда со вкупен резултат од 6:1. Ерменскиот интернационалец Артак Дашјан изведе корнер од левата страна, а во петерецот на битолчани, Трајковски со глава ја затресе сопствената мрежа. Вардар поведе во 28 минута како плод на поактивниот почеток. Во 40 минута од натпреварот, резултатот беше веќе 2:0 во полза на шампионот. Ацо Стојков продре по десната страна и откако беше срушен во казнениот простор, главниот судија Горан Спиркоски покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна, беше Стојков, кој го постигна првиот погодок оваа сезона во дресот на Вардар. Мечот во првиот дел беше во краток прекин, откако заради каменување на навивачките групи, мораше да интервенира полицијата. Нема повредени или уапсени. 

Нема коментара:

Постави коментар