Powered By Blogger

15. 10. 2015.

ХЈС Работник в недела ја потврдува вредноста и амбициите

АКО НЕ МУ ОДИ НА ПЕЛИСТЕР ВО СУПЕР ЛИГАТА, ТОГАШ ХЈС РАБОТНИК БЛЕСКА ВО ПРВАТА ЛИГА
Првите кола од Првата ракометна лига потврдија дека младиот битолски клуб ХЈС Работник има големи планови и амбиции во својата втора сезона во второто по ранг натпреварување во нашата земја. Серијата на победи на домашен и гостински терен го лансираат тимот на Зарков и Марковски како најголем кандидат за промоцијата во Супер лигата.
В недела од 12 часот во спортската сала во медицинското училиште „Јован Калаузи“ , ХЈС Работник го дочекува тимот на Вардар 2, што ќе биде вистински тест за младата битолска екипа. Талентите на Вардар исто така добро ја почнаа сезоната, но планот на ХЈС Работник е да не дозволи некој да однесе бодови од Битола во натпревар за бодови оваа есен. Веројатно така и ќе биде. Љубителите на ракометот имаат уште една можност да уживаат во ракометната игра и амбициозниот проект на младиот битолски клуб.   

Нема коментара:

Постави коментар