Powered By Blogger

30. 10. 2015.

Пелистер го допре дното: Пораз во Радовиш и ново тонење на табелата

ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН И НА ГОСТУВАЊЕТО ВО РАДОВИШ
Радовиш - Пелистер 26:25 (13:8)

Битолски Пелистер се врати од бездната и донесе неизвесност на дуелот со Радовиш, но во последната секунда домаќините преку Миле Ордев постигнаа гол за триумф од 26:25 (13:8) во меч од 7 коло на машката ракометна Супер лига. Со овој триумф Радовиш е на делба на 6 место со екипата на Пролет, со по 9 бода, додека Пелистер останува на претпоследното место со само три бода.
Слично беше и на претходниот меч во Охрид кога Пелистер исто така имаше шанса, но на крајот загубија. Сега во Радовиш неизвесни беа последните 10 минути кога Пелистер успеа да израмни, а потоа и да поведе. Седум минути се играше „гол за гол", а инфаркт завршница имаше во последната минута. Прво Илиев израмни на 25:25, а потоа Пелистер имаше шанса повторно да реализира. Откако тоа не им успеа, останаа уште 9 секунди, а тренерот на домаќините Владимир Глигоров побара тајм аут. Васко Димитровски беше исклучен поради груб фаул, па Пелистер остана со шест играчи. Тоа го искористи Радовиш и преку Ордев во последната секунда постигна гол.

Нема коментара:

Постави коментар