На повидок
решение на финансиските грижи за двата македонски фудбалски бренда
Италијански пари влегуваат во Вардар, додека во Пелистер ќе
финансира странска фирма со македонски бизнисмен и бизниси ширум Европа Без
разлика на тоа каде се Вардар и Пелистер на табелата, дуелите меѓу нив секогаш предизвикувале огромно внимание
во македонскиот фудбал.
Ривалството на теренот и на трибините е огромно, а, по сe изгледа, во иднина овие два тима ќе го водат главниот збор и за врвот на прволигашката табела. Ова ќе биде вистина ако се оди според фактите дека двата тима во најскоро време би требало да добијат силна финансиска конструкција, односно странски фирми да влезат и во тимот на Вардар и во екипата на Пелистер.
Ривалството на теренот и на трибините е огромно, а, по сe изгледа, во иднина овие два тима ќе го водат главниот збор и за врвот на прволигашката табела. Ова ќе биде вистина ако се оди според фактите дека двата тима во најскоро време би требало да добијат силна финансиска конструкција, односно странски фирми да влезат и во тимот на Вардар и во екипата на Пелистер.
Италијанци влегуваат во Вардар
За разлика од Пелистер, каде што многу детали засега не се
откриваат, во Вардар се знае од која фирма има интерес. Станува збор за
италијанскиот конзорциум "Амбиенте и Униеко". Можеби некому звучи
познато од вчерашните вести по телевизиите. Станува збор за компанија која
вчера со град Скопје склучи договор за преземање на депонијата
"Дрисла" под концесија во наредните 35 години.
Македонец со бизнис во странство кај "зелените"
Кај Пелистер исто така работата е сериозна и е веќе договорена.
Вчера раководството имаше состанок со градоначалникот на Битола, Владимир
Талески, каде што истакнаа дека во ФК Пелистер влегува странски капитал.
Ослободени Павлов
и Н. Марковски
Слично
како минатото лето во Битола веќе половина месец не може да се реализира
спортскиот проект за 2013 година заради се почестите одлагања околу
финансискиот дел од главниот акционер општина Битола. Така според најновите
инфомации клубот ќе мора во периодот од целата наредна недела да ги реши
најавените новини. Така до наименување на нов тренер на клубот, треба да се
подмират заостанатите долгови кон фудбалерите кои настапуваа во есенскиот дел. Исто
така од назначувањето на новиот тренер, зависат и потенцијалните засилувања.
Клубот не изготви класична трансфер-листа, но потврди дека ослободени од
обврските се фудбалерот за врска Марко Павлов и напаѓачот Никола Марковски.
Првиот играше во поголемиот дел од средбите во првиот дел од сезоната, а
вториот имаше скромна минутажа и постигна еден гол во националниот Куп.
Пелистерци веруваат дека нормално ќе ги започнат подготовките на 16 јануари.
Според грубиот план ќе тренираат под „Тумбе кафе„ доколку временските услови
дозволат до почетокот на фебруари, а потоа треба да заминат на потоплите
краишта за двонеделни подготовки. Ако во Битола се повтори минатата зима, тогаш
фудбалерите нема да имаат оптимални услови за тренинг во градот под Пелистер.
Нема коментара:
Постави коментар