Powered By Blogger

15. 1. 2013.

Здравков прозива утре во 13 часот

ОТКАКО ГО РЕШИЈА ПРАШАЊЕТО НА ТРЕНЕР, ВО ПЕЛИСТЕР СЛЕДУВА ПРОЗИВКАТА БЕЗ НИТУ ЕДНО НОВИ ИМЕ А ПОТОА И ПРЕОДНИОТ РОК
Новиот шеф на стручниот штаб на Пелистер Гордан Здравко само пет дена откако беше назначен, ќе ја има официјалната прозвика за старт на зимските подготовки на Пелистер. Во ростерот кој утре ќе истрача под Тумбе кафе во 13 часот нема да се појави ниту едно ново име. Преодниот рок за пелистерци почна нешто подоцна заради дефинирањето на финансиската конструкција, па нема да биде лесно да се доведат нови фудбалери во клубот од Битола.
До овој момент Пелистер го напуштија Марко Павлов и Николче Марковски и мали се шансите уште некој да го напушти клубот оваа зима. Околу дефинирањето на подготовките надвор од Битола, за 5 фебруари предвидено е заминување на потопли краишта, а управата се уште не се произнесла околу локацијата. Желбата останува Анталија, но се исклучуваат и места и во бивша Југославија и нашиот Дојран. Деновиве ќе се знаат деталите, а со тоа и контролните средби оваа зима. Откако не заминаа на летни подготовки, пелистерци сега очекуваат дека добро ќе се подготват и ќе имаат плодна фудбалска пролет. 

Нема коментара:

Постави коментар