Powered By Blogger

11. 1. 2013.

Гордан Здравков нов тренер на ФК Пелистер

НОВИОТ ТРЕНЕР ОД ДЕНЕС И ОФИЦИЈАЛНО НОВ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР ЗА ОВАА ПОЛУСЕЗОНА
Само еден ден откако легнаа парите на сметката на ФК Пелистер напрвени се првите два чекори за реконструкција на клубот и тимот. Така штипјанецот Гордан Здравков од денес е нов тренер на Пелистер со договор до крајот на сезоната и можност ако двете страни бидат задоволни и за наредниот шампионат.
Преговорите се штипјанецот беа експресни и денес во Битола дојде до официјализирање на соработката. Управата на битолчани  го контактирала информативно Здравков уште пред неколку недели, но дури во средата дошло до клучниот разговор кој ја донесе соработката. Иако се шпекулираше со имињата на бившите селектори Илиевски и Канатларовски, сепак изборот падна на некогашниот фудбалер на Брегалница и Вардар кој веќе наредната недела ќе прозива. На 16 јануари скоро истиот играчки кадар кој го имаше Горазд Михајлов ќе се појави на првиот тренинг. Фудбалерите денес добија дел од заостанатите долгови, а набрзо ќе добијат нов дел за работите да се вратат во контрола. Наскоро ќе бидат дефинирани останатите две дилеми кои клубот се уште не ги разрешил. Преодниот рок скоро сигурно ќе донесе 3-4 квалитетни засилувања под Тумбе кафе, иако не е лесно да се пронајдат такви засилувања оваа зима. Вториот приоритет се зимски подготовки, кои Пелистер ќе ги реализира во Дојран или во странство. Во зависност од неколкуте понуди кои ги има на маса клубот ќе замине 10-14 дена на потоплите краишта на почетокот на фебруари за да ја избруси формата за пролетниот дел од шампионатот. Здравков ќе дебитира на почетокот на март, ни помалку ни повеќе, против неговиот поранешен Вардар.   

Нема коментара:

Постави коментар