СЕ УШТЕ ЗЕЛЕНАТА МАСА ОДЛУЧУВАЧКА ЗА ТОА КАКОВ ПЕЛИСТЕР НЕ ОЧЕКУВА ВО 2013 ГОДИНА
Одлучувачки денови за иднината на Пелистер се деновите кои следат. Управата на клубот во соработка со градските власти кои се главен акционер на клубот, работат на две полиња за реконструкција на планот за битолскиот спортски љубимец во 2013 година.
Имено првото поле е финансиската конструкција која до петок општина Битола треба да ја префрли во клубската каса за да биде реализирана првата фаза од планот за втората полусезона. Со „колачот“ кој неофицијално ќе биде највисок до сега, Пелистер треба експресно да ги реши проблемите кои ги одлага од почетокот на новата година. Нов тренер, исплата на старите долгови кон фудбалерите, засилувања и подготовки се целите кои управата на клубот треба да ги оствари најдоцна до 16 јануари, кога започнува првата прозивка во новата година на десетто пласираната екипа на табелата. Сега веќе и официјално клубот преговара со Никола Илиевски за шеф на стручниот штаб и до меѓусебна соработка може да дојде само ако се испочитиваат горенаведените услови кои зависат од парите од Општина Битола.
Второто поле за нов лик на Пелистер во 2013 година се преговорите за влез на нов капитал во клубот. Пред неколку дена градоначалникот на Битола, Владимир Талески и првите луѓе на Пелистер имаа средба со заинтересираната компанија за превземање на клубот и прелиминираните разговори минале со оптимизам. Меѓутоа потребно е време за правната регулатива да даде зелено светло за таков вид на превземање на клубот, а време Пелистер има се помалку и помалку. Затоа доколку нема експресна реакција и солуција како општина Битола спогодбено би го водела клубот со споменатата заинтересирана компанија, раководењето на Пелистер останува исто. „Зелените„ остануваат интересни за многу потенцијални инвеститори во клубот, но додека акциите не излезат на берза, не е едноставно да се пронајде платформа за дополнителни инвестиции во клубот. Фудбалерите и навивачите исчекуваат и како многу често во минатато тоа исчекување предолго трае, создава нервоза и умерен оптимизам. Овој пат се уште постојат 5-6 дена до реализација на планот за санација на нашиот „ гигант„ Пелистер.

Нема коментара:
Постави коментар