Од исходот на
Светското првенство, зависи и кога РК Пелистер ќе почне да го подготвува
пролетниот дел од шампионатот
Додека сите погледи на љубителите на ракометот во Битола се
вперени во тв екраните и со големо внимание ги следат настапите на македонската
ракометна селекција на светското првенство во Шпанија ракометарите на Пелистер
се уште се во очекување на стартот на подготовките за пролетниот дел
„Се уште не знаеме кога ќе стартуваме со подготовките на првата екипа на Пелистер, а се зависи од тоа како ќе помине нашата репрезентација во Шпанија. По враќањето на македонската ракометна експедиција во Македонија ќе се соопшти и датумот на стартот на првенството во Супер ракометната лига. Но, без разлика на датумот ние за брзо време ќе се собереме и ќе почнеме со тренинзи„ вели тренерот на Пелистер, Кире Поповски. Додека сениорите гледаат ТВ младинците на Пелистер буквално немаат престанато со тренинзите. Поповски вели дека немаат застанато со работата освен во празничните денови, а тренираат некои денови и по два пати на ден. Заедно со Поповски на тренинзите работи и Игор Николовски.

Нема коментара:
Постави коментар