Powered By Blogger

17. 1. 2013.

Здравков: „Задоволство е да се биде тренер на Пелистер„

ПЕЛИСТЕР ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВТОРАТА ПОЛУСЕЗОНА СО ПРВИТЕ ТРЕНИНЗИ ПОД ГОРДАН ЗДРАВКОВ
Екипата на Пелистер под водство на новиот стратег Гордан Здравков во средата на својот стадион во Битола ги стартуваше подготовките за новата сезона. Без ниту едно ново име засега, со тројца прекомандувани младинци кои ќе го одработуваат тренажниот процес со сениорскиот тим „зелените“ стартуваат со подготовките кои треба да овозможат квалитетна форма во битката за опстанок престојнава пролет.
На извесен тест период наредниве денови во клубот ќе биде и хрватскиот фудбалер Кеко за кого дополнително ќе биде одлучено дали ќе биде ангажиран во тимот. „Верувам дека може да се одработат квалитетни подготовки со поддршка и на раководството на клубот како би се создал вистински компактен тим кој ќе може да одговори на идните предизвици. Секако очекуваме и нови имиња, но засега се уште нема конкретни договор за евентуален ангажман“ вели Гордан Здравков, кој покрај себе како асистенти ќе ги има Стерјов, Петровски и Спасе Ристовски кој ќе продолжи и со работата во кадетскиот тим.

Нема коментара:

Постави коментар