Powered By Blogger

28. 1. 2013.

Тони Мегленски и Симеон Христов во зелениот дрес

БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ГО ОБЕЛОДЕНИ ВТОРОТО, ПА И ТРЕТОТО ЗАСИЛИВАЊЕ ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН
31 годишниот фудбалер за врска, Тони Мегленски е нов член на битолски Пелистер и второ засилување во зимскиот преоден рок за екипата на Гордан Здравков. Ова искусно име треба да даде стабилност во средниот ред на пелистерци во вториот дел од првенството.
Мегленски е дете на Победа кој во својата кариера неколку пати настапуваше за оваа екипа и токму од Победа мина во Пелистер. Покрај за прилепските „црвено-бели„ настапуваше и за Вардар, Меџумурје (Хрватска), Елбасан (Албанија), ОФК Петровац и 11 Октомври. Со тоа продолжува традицијата прилепски фудбалери да го носат зелениот дрес, како и битолчани да заминуваат во спротивен правец. По хрватот Адријан Кекец, прилепчанецот е второ засилување за ростерот кој ќе го има на располагање новиот шеф на стручниот штаб Гордан Здравков. Најголема преокупација пред заминувањето на подготовките во Дојран е повредата на прстот од ногата на најдобриот клубски стрелец Благојче Главевски. Тој ќе одсуствува пет недели и неизвесно е дали ќе биде подготвен за стартот на вториот дел на шампионатот и „вечното„ дерби со Вардар на почетокот од март. Сепак во нападот Пелистер ќе биде посилен за напаѓачот Симеон Христов, кој од унгарскиот Егри доаѓа на позајмица во битолскиот прволигаш. Тој претходно настапуваше и за Вашаш и за Вардар во домашниот шампионат. Ако временските услови во Битола дозволат за време на викендот, пелистерци ќе одиграат тест меч со второлигашот Новаци.    

Нема коментара:

Постави коментар