Powered By Blogger

4. 12. 2015.

Штерјовски замина од Пелистер, заради работа во соседна Грција

ПО ПРОМЕНЛИВАТА ПОЛУСЕЗОНА, ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ МЛАДИОТ СТРУЧЊАК, КОЈ ЗАМИНУВА ВО ЈУЖНОТО СОСЕДСТВО
Битолчанецот Зоран Штерјовски од доцна синоќа не е повеќе шеф на стручниот штаб на Пелистер. Човекот кој од ова лето во превзеде Пелистер, а претходно работеше како тренер на Силекс и Миравци, по само шест месеци на клупата на „зелените“ се одлучи да ја заврши соработката со својот матичен клуб. Тој вели дека е задоволен од досегашните резултати на клубот, но, во меѓувреме стигнала понуда од Бугарија, која не можела да се одбие.
„Задоволен сум од соработката со управата, односот со фудбалерите и и постигнатиот успех. Пелистер има амбиции за промоција во Првата лига, и верувам дека во преодниот рок ќе се донесат неколку засилувања кои амбицијата ќе ја претворат во реалност на теренот. Верувам дека Пелистер наскоро ќе биде тим во прволигашко друштво и дека пак ќе игра на домашен терен во Битола. Голема благодарност до целокупниот штаб на Пелистер, затоа што поминав убави месеци таму“, рече Штерјовски. Се шпекулира дека тој ги договорил сите деталои со грчкиот второлигаш Агротикос Астерас и ќе биде дел од стручниот штаб на оваа екипа, која ќе ја предводи српскиот стручњак, Горан Стевановиќ.

Нема коментара:

Постави коментар