Powered By Blogger

23. 12. 2015.

Пелистер со небитна победа над Охрид ја заврши полусезоната

КОГА НЕ ТРЕБАШЕ ЗА ГОЛЕМ ПРОГРЕС НА ТАБЕЛАТА, ПЕЛИСТЕР ГО СОВЛАДА ОХРИД ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ“
Ракометарите на Пелистер го совладаа Охрид со 30:26 во последниот меч од 14 коло на машката Супер лига. Иако тргнаа во мечот од спротивни делови на табелата, Пелистер делуваше дека е оној фаворитот, отворајќи го мечот сигурно и доминантно.

На паузата битолчани веќе имаа огромни 17:10, па во вториот дел можеа да си дозволат и да скратат од предноста, но само до четири гола. По 50 минута водството повторно дојде до шест гола, а победата остана незагрозена. Најефикасен на мечот беше Дарко Павловиќ од Охрид со 10 гола. Охриѓани се веќе теоретски пласирани во првата четворка, со тоа во плејофот, но овој пораз ги чинеше второто место. И тие и Прилеп имаат по 30 бода, но поради полоша гол-разлика Охрид ќе презими како трет. Пелистер покажува дека ја добива посакуваната физиономија на теренот, па иако долго во сезоната беше без победа и предпоследен, сега е седми со 15 бода.

Нема коментара:

Постави коментар