Powered By Blogger

20. 12. 2015.

Прво исплата, па потоа засилувања е планот на Пелистер

БЕЗ НИ МАЛО ПОДОБРУВАЊЕ ВО СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ ФК ПЕЛИСТЕТР НА ДЕСЕТИНА ДЕНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Пелистер и натаму е во фаза на планирање, а фудбалерите веќе неколку дена не тренираат, бидејќи завршија со планираните тренинзи, но ги очекуваат заостанатите плати како би заминале спокојни на заслужениот одмор.
Тренерот Миле Димов добро ја познава ситуацијата и инсистира на засилувања со прволигашки потенцијал и искуство. Но претходно клубот мора да ги дефинира долговите кон сегашниот ростер на фудбалери, за да бидат официјализирани новајлиите. Клубот пак ќе се потпре на голем број на битолски фудбалери, а заостанувањето од 3-4 бода до екипите кои носат влез во Првата лига, опоменува и го принудува тимот од под Пелистер да не го потценува натпреварувањето. Според планот Пелистер треба да ги започне подготовките на 10 јануари, а по една недела работа во Битола во зависност од временските услови, екипата треба да се пресели во Негорски бањи, каде ќе ги реализира главните подготовки за пролетниот дел од шамионатот.

Нема коментара:

Постави коментар