Powered By Blogger

13. 12. 2015.

Втор пораз оваа сезона од Работнички за ракометарите на Пелистер

КАКО И ВО БИТОЛА, ПАК РАБОТНИЧКИ ГО НАДИГРА ПЕЛИСТЕР ВО МЕЧ ЗА БОДОВИ
Работнички - Пелистер 26:21 (12:10)

Во вториот натпревар од 13 коло во машката Супер лига, Работнички го совлада составот на Пелистер со 26:21 (12:10). Иако гостите добро почнаа, во 11. минута Вања Илиќ им донесе прва предност на домаќините од два разлика. Дури и премногу се грешеше, па ниту една од двете екипи не го надвладеа противникот.
По првиот дел, минималното водство го задржаа избраниците на Доне Бошковски и Работнички имаше 12:10 на одмор. Битолчани добро го отворија вториот дел и по трет пат израмнија во мечот. Но „црвените“ возвратија преку Илиќ, за 14:11 во 36 минута. Продолжи нервозата и техничките грешки, а екипата на Игор Николовски најблиску до противникот беше во 53 минута, кога се доближи до 21:19. Сепак во наредните 3-4 минути, домаќините го создадоа највисокото водство од 25:19, и ги решија дилемите околу победникот. На крајот конечниот резултат беше 26:21 во корист на дебармаалци кои втор пат оваа сезона го совладаа битолскиот суперлигаш. Најпрецизен, како и многу често оваа полусезона во дресот на Работнички, беше Илиќ со 10 гола, додека Златко Мојсоски постигна осум. Кај Пелистер, Црногорецот Богдан Николиќ реализира шест гола. Пелистер настапи без Младен Чачиќ, кој од денес не е повеќе член на битолскиот суперлигаш. Со оваа победа Работнички пак е на третата позиција по некомплетното 13 коло, а Пелистер е скоро без шанси за плеј-оф и останува на осмото место. Во последното коло за оваа година, Работнички гостува во Велес кај Борец, додека Пелистер е домаќин на Охрид во спортската сала „Младост“ во Битола идниот викенд.


Нема коментара:

Постави коментар