Powered By Blogger

19. 9. 2013.

По подолго време старт на сезоната со пораз

КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА ВО МЕЧЕВИТЕ ЗА БОДОВИ, ПЕЛИСТЕР СО ПОРАЗ ГО ПОЧНУВА ДРЖАВНИОТ ШАМПИОНАТ
Тинекс Пролет - Пелистер 24:21 (9:11)

Ракометарите на Пелистер на тренерскиот тандем Кире Поповски - Игор Николовски со пораз ја почнаа новата сезона, што само еднаш се случило во преку 20 години од државниот шампионат на Македонија.
На гостувањето кај Тинекс Пролет во Скопје, зелените имаа одлична можност да слават, бидејќи го контролираа мечот во текот на сите 30 минути од првиот дел и половина од второто полувреме. Но тогаш настана голем пад и  од 10:14, битолчани влегоа во црна серија и постигнаа само 1 гол во 10 минути, а примија дури 6. Така Тинекс Пролет со пресврт благодарение на головите на крилата стигна до драгоцена победа. Пелистерци поправен испит ќе бараат во наредните кола, кога со исклучок на мечот со Зомимак од Струмица, играат со подносливи противници.

Нема коментара:

Постави коментар