Powered By Blogger

20. 9. 2013.

По црната, Пелистер влегува во позитивна серија

ПО ЧЕТИРИ МЕЧА БЕЗ ТРИУМФ, ЕКИПАТА НА БОЧЕВСКИ БРКА ТРЕТ ВРЗАН НАТПРЕВАР БЕЗ ПОРАЗ
По два натпревари во кои одбраната на Пелистер не прими гол, со Шкендија и со Миравци за Купот, новиот последен ред на зелените со засилувањата Ковачев и Брдаровски на местата на браќата Степановски, се наоѓа пред нов испит. Токму мечот со Напредок на Горазд Михајлов е вистински тест за вредностите на зелените на скоро па половина од есенскиот дел.
Пред двата домашни мечеви со Работнички и Вардар, екипата на Бочевски ќе се обиде да поврзе неколку позитивни резултати, како што претходно четири меча беше без победа. Бочевски кој одлично го познава неговиот бивш клуб, пак ги  има на располагање Ѓорѓи Мојсов и Николај Христов, кои се опоравија од повредите и настапија на мечот во средата. За мечот со Напредок беше зачуван Љубен Љубенов, но заради пет жолти картони нема да настапи Стенио Жуниор. Иако од десната префрлен на левата страна, Томе Китановски со одличен учинок игра во текот на целата есен и верува дека и во Кичево неговиот тим ќе остане непоразен „Добро го познаваме Напредок, иако за разлика од минатата сезона кичевчани многу го менуваа тимот. Победите на последните мечеви ни ја вратија самодовербата и сите очекуваме таа серија да продолжи. Ако му пристапиме на мечот како што умееме, не се сомневам дека од Кичево ќе се вратиме со бодови„ ни рече Китановски, кој веројатно пак ќе игра по левата страна, како и на претходните три средби. Пелистер не памети кога последен пат однел цел плен од теренот на Напредок, а во последниот дуел на овие две екипи во 32 коло од минатиот шампионат, Напредок славеше во Битола со 1:2. 

Нема коментара:

Постави коментар