Powered By Blogger

19. 9. 2013.

Миравци „скршен„ во завршниот дел од мечот

ВО БЛЕД МЕЧ, ПЕЛИСТЕР ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА ВТОРИОТ ДЕЛ ГО ПРИНУДИ ВТОРОЛИГАШОТ НА КАПИТУЛАЦИЈА
Куп на Македонија (Осминафинале) - 1 меч

Пелистер - Миравци 2:0 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 800
Главен судија: Дарко Стојчевски
Асистенти: Тони Стојановски и Џенан Хајдари (сите од Скопје)
Делегат: Миле Тановски (Ресен)
Стрелци: Воденичаров во 69 и Алтипармаковски во 88 минута за Пелистер  
Жолти картони: Китановски , Христов (Пелистер)
Црвени картони: нема

Пелистер:

Пашовски, Брдаровски, Ковачев, Драгарски, Китановски, Христов (од 75м. Љамчевски), Георгиев (од 46м. Воденичаров), Миленковски (од 69м. Елмазовски), Анастасов, Стенио Жуниор, Алтипармаковски

Миравци:

Ников, Џонов, Јаков, Попов (од 90м. Петков), Сулев, Донев (од 67м. Мижоров), Р. Каракамишев, Џинов, Штерјов (од 80м. Дуков), Б. Каракамишев, Магловски 

Играч на натпреварот:
Димитар Воденичаров (Пелистер)


            И Пелистер и Миравци многу опуштено и претпазливо влегоа во мечот, па мина половина полувреме додека не ги видовме првите возбудувања. Во 19 минута по центаршутот на Томе Китановски од левата страна, во последен момент Ников изби во поле. Осум минути подоцна се обиде и Филип Миленковски од слободен удар, но без никакви проблеми Трајче Ников интервенираше. По половина час игра, Миленковски направи слалом по левата страна, убаво го пронајде Алтипармаковски, кој од прва биеше, а Ников рефлексно одбрани. Во последните пет минути од првиот дел. Две убави придодавања на Брдаровски по десната и Китановски по левата страна, но без завршен удар. Прескромно прво полувреме, со само јалова надмоќ на прволигашот од Битола.
            На стартот од вториот дел, Бочевски незадоволен од играта го смени системот на игра и го придодаде Воденичаров до Жуниор и Алтипармаковски во нападот, а во соблекувалната остана Кирил Георгиев. Херметичкио затворениот гостин во 54 минута „улови„ контра, по која ударот на Дарко Штерјов заврши за малку над голот на Горан Пашовски. И на средина од второто полувреме, Анастасов нафрли кон Воденичаров, кој ја прими топката на гради и од свртување со левата нога, ефектно ја погоди мрежата на Трајче Ников. Пелистер долгата иницијатива без зрели шанси ја круниса со гол за водство. Истиот фудбалер кој го постигна голот, случајно стигна до зицер во 78 минута, но не ја очекуваше топката и биеше премлако кон голот на гостите. Реакцијата на Миравци беше корнерот на Мижоров и ударот со глава на Бојан Каракамишев, домашниот голман Пашовски го одбрани. На две минути до крајот, битолчани ја изведоа најубавата акција во мечот. Љамчевски бравурозно мина по десната страна и центрираше до Жуниор кој врати до Виденичаров, а откако неговата дијагонала Ников кратко ја одби, Алтипармаковски од непосредна близина го постигна вториот гол за битолчани. На крајот и убедлива предност за пелистерци, во скромен и меч во кој последната фаза го одлучи победникот, а можеби и патникот во четвртфиналето.  

            

Нема коментара:

Постави коментар