Powered By Blogger

25. 9. 2013.

Пелистер низ „иглени уши„ во четврфиналето

ВО НЕУБЕДЛИВО ИЗДАНИЕ, ПЕЛИСТЕР ДУРИ ПО РУЛЕТОТ НАРЕЧЕН ПЕНАЛИ ОБЕЗБЕДИ ЧЕТВРТФИНАЛE
Куп на Македонија - Осминафинале (2 меч)

Миравци - Пелистер 2:0 (1:0) 2:3 на пенали

Градски стадион во Гевгелија. Гледачи: 1000
Главен судија: Никола Костенчев
Асистенти: Игор Ширилов и Никола Божиновски (сите од Скопје)
Делегат: Серафим Димовски (Скопје)
Стрелци: Ѓонов во 37 и Јаков во 75 минута за Миравци
Жолти картони: Јаков, Попов (Миравци), а Брдаровски, Мојсов (Пелистер)
Црвени картони: нема

Миравци:
Ников, Ѓонов, Јаков, Попов, Б. Каракамишев, Сулев, Мижоров, Донев, Џинов, Штерјов, Магловски

Пелистер:
Пашовски, Елмазовски, Брдаровски, Ковачев, Китановски, Христов, Љамчевски (од 56м. Анастасов), Миленковски (од 77м. Љубенов), Мојсов (од 61м. Алтипармаковски), Стенио Жуниор, Воденичаров

Играч на натпреварот: Горан Пашовски (Пелистер)


                Фудбалерите на Пелистер на многу потежок начин од предвиденото, успеа да го елиминираат второлигашот Миравци дури по изведувањето на удари од белата точка. Бочевски со сериозни проблеми во последната линија, на местото на повредениот Драгарски како последен човек во одбраната го постави Владица Брдаровски. На тешкиот терен во Гевгелија двете екипи почнаа поспано по жешкото време и во првите 20 минути не креираа шанси за гол. Миравци имаше јалова иницијатива, но Пелистер контролираше се што се случува на теренот. Во таква игра во 37 минута по центаршут на Мижоров на втора статива, топката дојде до главата на десниот бек Ѓонев, кој ја пласираше во спротивниот агол на Пашовски за водство на екипата на Штерјовски. Примениот гол ги раздрма зелените и до одморот ризикуваа да примат уште еден гол. Во почетната фаза од вториот дел, екипата од Битола се обиде да го администрира водството од првиот меч, што беше и најголемата грешка. Во спокоен меч, Миравци цело време делуваше опасно, иако не креираше директни закани кон гостинскиот гол. Но во 75 минута Штерјов силно распали од 20 метри, топката ја одби голманот Пашовски и таа стигна до Јаков, кој ја втурна во небранета мрежа. Миравци го стигна дефицитот од првата средба и на прагот беше да направи комплетен пресврт. По претпазливоста на двете екипи во последните 15 минути, патникот во четвртфиналето мораше да го одлучат ударите од белата точка. Пенал серијата започна одлично за зелените, откако ударот на Сулев го одбрани Пашовски, а Џинов биеше преку голот. За разлика од нив Стенио Жуниор и Брдаровски ја погодија целта. Но во третата и четвртата серија, ударите на бугарските интернационалци Воденичаров и Љубенов ги  одбрани бившиот голман на Пелистер, Трајче Ников. Така одлуката мораше да ја донесе последната петта серија. Ударот на Каракамишев го одбрани Горан Пашовски, а Марјан Алтипармаковски со гол го однесе Пелистер во четвртфиналето. Така зелените се една од шесте прволигашки екипи кои се борат за презимување во Купот. Потенцијални противници на Пелистер во наредниот круг се Металург, Напредок, Работнички, Брегалница, Шкендија и второлигашите Дрита и Тетекс. 

Нема коментара:

Постави коментар