Powered By Blogger

22. 9. 2013.

Победа за лечење на раните по првиот пораз

НА ЛЕСЕН НАЧИН, РАКОМЕТАРИТЕ НА КИРЕ ПОПОВСКИ СЛАВЕА ПРОТИВ НОВАЈЛИЈАТА ОХРИД ВО ВТОРОТО КОЛО ОД ВИП СУПЕРЛИГАТА
Пелистер - Охрид 28:18 (16:9)

По првиот пораз од Тинекс Пролет во главниот град, ракометарите на Пелистер брзо се совзедоа и го совладаа новиот член на елитата Охрид со убедливи 10 разлика. Екипата која ја предводи бившиот ракометар на Пелистер, Андоновски во Битола се претстави со млада екипа и во ниту едн момент не беше рамноправен противник.
Зелените на Кире Поповски започнаа многу агресивно во одбраната и со помош на серија на лесни голови од контра се одлепија. По предноста од 6:2 и 10:4, скршен беше отпорот на Охрид. Дарко Георгиевски со 7 гола беше најефикасен стрелец во победничката екипа. Во наредното трето коло, Пелистер гостува во Штип против тимот на Текстилец и е голем фаворит за освојување на сите бода.  

Нема коментара:

Постави коментар