Powered By Blogger

15. 9. 2013.

Лескароски одстапен, Марковски ослободен од обврските

ФК Пелистер во продолжението од државниот шампионат ќе настапува без услугите на двајца фудбалери, Дејан Лескароски и Благојче Марковски.
Дефанзивецот е пратен на позајмица до крајот на сезоната во новиот прволигаш Еуромилк, додека напаѓачот е слободен фудбалер да ја избере својата иднина. Оваа одлука доаѓа на барање на фудбалерите на поголем простор на зелениот терен. ФК Пелистер им излезе во пресрет и срдечно им се заблагодарува за професионалноста и ангажманот додека го носеа зелениот дрес.

Браќата Степановски не се повеќе членови на ФК Пелистер
ФК Пелистер донесе одлука спогодбено да го раскине договорот со двајца фудбалери на нивно барање. Фудбалерот Методија Степановски е испратен на едногодишна одстапка во Напредок, а фудбалерот Кирил Степановски е ослободен од обврските и слободен да си бара нов клуб. Одлуката за разделбата со Методија Степановски беше донесена откако по мечот со Металург, фудбалерот без образложение не се појави на тренинзите во четвртокот и петокот. Кирил Степановски одби да патува со екипата во Гостивар, што беше причина за неговото заминување. ФК Пелистер потенцира дека и во иднина нема во својот ростер да обврзува фудбалери кои нема со љубов да го носат зелениот дрес и настапуваат за нашиот клуб. На професионалците Степановски им се заблагодаруваме за придонесот во дресот на Пелистер.  

Нема коментара:

Постави коментар