РАБОТНИЧКИ ВО СТРАОТНА ФОРМА Е НАРЕДНИОТ ТЕСТ ЗА „РАЗНИШАНИОТ„ ПЕЛИСТЕР
Веројатно не постои посериозен и поквалитетен противник кој наидува на патот на Пелистер во периодот на криза. Скопски Работнички иако во првиот натпревар под Тумбе кафе беше поразен, успеа да го елиминира Пелистер во националниот Куп и да наниже серија на победи со кои го поправи лошиот старт на шампионатот.
Тимот кој Марјан Секуловски ќе го изведе в сабота попладне е голема дилема со оглед на тоа што физичкиот фактор кај одреден број на фудбалери ќе биде клучен до последен момент пред средбата. Ристевски и Брдаровски ја поправаат својата здравствена состојба, но неизвесно е дали ќе почнат од првата минута. Мустафов исто спаѓа во таа група на фудбалери кои многу се потрошија и чувствува умор во овој период од сезоната. Миленковски и Петковски „изгинаа„ против Ренова и се пожалија на обновување на повредите од пред 2-3 недели. Нема позиција на која Пелистер е без изостаноци ако се знае дека и Степановски и Главевски дефинитивно се без шанса за настап до крајот на есента. На екипата му треба јасен сигнал да не западне во голема криза и затоа не е неважно во каква клима битолчани ќе го дочекаат мечот в сабота. „Среќата ни ги сврти грбот на мечот со Ренова и сеуште сме разочарани што не освоивме бодови на тој меч. Но нема време да се навраќаме на тоа што поминало, бидејќи доаѓа нов натпревар. Не треба да трошиме зборови за нашиот ривал. Видовме и на наша кожа во каква форма се наоѓаат и имаат серија на позитивни резултати. За нас секој освоен бод на теренот на Работнички во овој момент е подвиг. И покрај проблемите веруваме во квалитетите на оваа група на фудбалери„ ни рече Петар Љамчевски, еден од ретките здрави и подготвени од средниот ред на зелените. Ретко кога освоиле бодови од последните гостувања на теренот на Работнички и затоа битолчани со достоен респект гледаат на саботниот противник.

Нема коментара:
Постави коментар