Powered By Blogger

1. 11. 2014.

Работнички уште повеќе ја продлабочи кризата на Пелистер

ЦРНА СЕРИЈА ОД СЕДУМ КОЛА БЕЗ ПОБЕДА ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Прва фудбалска лига - 14 коло

Работнички - Пелистер 1:0 (1:0)

Национална арена „Филип втори„ - Скопје. Гледачи: 300
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Зоре Мојсоски (Македонски Брод)
Стрелец: Анене во 12 минута за Работнички
Жолти картони: Силјановски, Додевски (Работнички), а Љамчевски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Работнички:
Божиновски, Силјановски, Велковски, Додевски, Цикарски, Вујчиќ, Трајчевски, Сулејманов (од 81м. Чурлинов), Анене, Алтипармаковски 9од 59м. Илиевски), Стојков (од 89м. Сахити)

Пелистер:
Пашовски, Петковски, Динчев, Крстевски, Мустафов (од 53м. Мирчевски), Тодоровски, Љамчевски, Ганчев, Трајковски, Анастасов, Ступиќ


Актуелниот шампион Работнички славеше со минимални 1:0 против Пелистер на домашен терен и ја продолжи победничката серија во домашното фудбалско првенство, која сега изнесува шест натпревари. На спротивната страна битолчани влегоа во црна серија од седум чеа без победа и тонат на првенствената табела. Херој на „романтичарите“ беше Чума Анене, кој го постигна својот прв гол во сезоната уште во 12 минута од натпреварот. Работнички постигна гол од првата сериозна акција на натпреварот. Трајчевски прекрасно го проигра во празно Анене, кој втрча во противничкиот шеснаесетник и рутинирано со одмерен удар ниско по земја го совлада немоќниот Пашовски на голот на Пелистер. Домашните продолжија со добрата игра, а Стојков имаше добра шанса да зголеми на 2:0, откако прекрасно се снајде во шеснаесетникот на Пелистер, но неговиот удар Пашовски добро го одбрани. Битолчани единствениот обид кон голот на домашните го имаа во 40 минута, кога Петар Љамчевски биеше опасно, но Даниел Божиновски беше добро поставен и го одбрани ударот. Пред крајот на првиот дел, „романтичарите“ може да го зголемат водството на 2:0, откако Алтипармаковски и Вујчиќ одлично одиграа, но вториот биеше премногу силно и над голот на битолчани. Пелистер тргна многу поофанзивно и подобро во вториот дел, но повторно домашните ги имаа шансите. Прв се обиде најдобриот стрелец на Работнички Марјан Алтипармаковски, кој шутираше директно во голманот Пашовски. Тауљант Сулејманов ја погоди стативата во 62 минута, а добра шанса за гол имаше и Стојков, но Мирчевски со лизгачи старт прекрасно блокираше во последен момент. Во последните 15 минути битолчани имаа две добри шанси да го израмнат резултатот и тоа два пати се обидоа со глава. Прво биеше Љамчевски, но Божиновски одбрани, а во следниот напад по еден одличен центаршут на Тодоровски од слободен удар, Ганчев ја допре топката, која заврши во стативата од голот на Работнички. Најдобрата шанса за гол битолчани ја имаа во 84 минута. Трајковски центрираше од десно, а Мирчевски осамен од само 7 метри шутираше директно во голманот Божиновски, што воедно беше и последниот обид на натпреварот.

Нема коментара:

Постави коментар