Powered By Blogger

3. 10. 2014.

Парична казна од ФФМ за Пелистер

НАЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ СКАНДИРАЊА НА „ЧКЕМБАРИТЕ„ ЌЕ ГО ЧИНАТ ПЕЛИСТЕР 1.500 ЕВРА
Битолскиот прволигаш Пелистер заработи казна од 1.500 евра од дисциплинската комисија на ФФМ поради национализмот и скандирањата на своите навивачи „Чкембари“, на мечот со Шкендија.
Поради скандирањата со националистичка содржина на битолските навивачи, Пелистер заработи казна од дисциплинецот, кој за истите случаи со вардаровите навивачи „Комити“, веќе неколкупати го казни и актуелниот лидер Вардар. Во образложението за казната при донесување на одлуката предвид биле земени мерките кои клубот ги преземал за организацијата на мечот.

Нема коментара:

Постави коментар