ГОЛЕМ БОД ЗА ЕКИПАТА НА ТОМЕ КИТАНОВСКИ ПРОТИВ ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
Бившиот фудбалер
на Пелистер, Томе Китановски го одигра целиот натпревар за неговиот Вождовац на
најголемиот српскиот стадион „Маракана„ против Црвена звезда.
Натпреварот
заврши 2:2, по многу пресврти и голови. Гостите поведоа преку Ињач во 6 минута,
израмни Гавриќ во 22, а Беилиќ пред одморот ги доведе гостите во водство.
Следеше иницијатива на црвено-белите во продолжението и израмнувачки гол на
Мијајловиќ во 49 минута. По ова реми Вождовац го освои првиот бод од
гостувањата и со 4 бода заедно со Напредак и Раднички 1923 се наоѓа на
последните три места на табелата.
Нема коментара:
Постави коментар