ПРЕД УТРЕШНОТО ЗАМИНУВАЊЕ ВО КАРАНТИН, ПЕЛИСТЕРЦИ СЕ СООЧУВААТ СО СЕРИЈА НА ПОВРЕДИ
Силниот ритам на
натпревари и податокот дека Пелистер не направи редовни припреми, скапо го чини
Пелистер во последните 45 дена од есенскиот дел на шампионатот. Во последните
7-8 дена, Марјан Секуловски загуби неколку битни „алки„ во мозаикот пред
последните 5-6 меча оваа есен. Најлошо мина Менде Степановски, кој ги повреди препоните
на мечот со Хоризонт Турново и на полувреме беше заменет.
Најверојатно ќе биде
опериран и за него есенскиот дел е завршен. Благојче Главевски мака мачи со
повредите и по двете операции на коленото, сега има проблеми со стапалото и
деновиве ќе се знае колку ќе трае неговата пауза. Сигурно ќе го пропушти мечот
со Металург, а веројатно и наредниот во среда на 29 октомври против Ренова.
Миле Петковски се пожали на мускулна повреда, а Владица Брдаровски мора да
мирува по потресот на мозокот на мечот од Купот на Македонија против
Работнички. И Филип Миленковски не е фит и неизвесен е за наредните два меча во
интервал од четири дена. За малерот да биде поголем и Димче Ристевски е болен и
се бори со времето да се опорави за утрешното патување на пелистерци во
главниот град. Втор пат во карантин битолчани доаѓаат за една недела во Скопје,
сега со подмладен тим за неделниот меч на стадионот во Ѓорче Петров против
Металург.
Нема коментара:
Постави коментар