Powered By Blogger

7. 10. 2014.

Реми на Пелистер и Шкендија во лигата на Б тимови

ИАКО БЕА ПОДОБРИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ, ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ГО ПОДЕЛИЈА ПЛЕНОТ СО ШКЕНДИЈА ВО МЕЧОТ НА Б ЕКИПИТЕ
Пелистер - Шкендија 1:1 (1:1)

Стадион „Павел Шатев„ - Гледачи: 150
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Петар Степановски и Пеце Кичевски
Стрелци: Љамчевски во 35 за Пелистер, а Нуриши во 42 минута за Шкендија
Жолти картони: Динчев (Пелистер), Зекири, Османи (Шкендија)
Црвени картони: нема 

Пелистер:
Апостоловски, Динчев, Т. Магловски, Атанасовски, Котески, Велевски, Тодоровски, Трајковски, Мирчевски, Љамчевски, Главевски
Уште играа:
Д. Ристевски, А. Ристевски, Кузманов, Темелковски, Трифуновски, Бошевски, Таировски

Шкендија:
Велии, Дервиши, Фетаи, Лјама, Алими, Зибери, Лјума, Урдинов, Тотре, Нуриши, Бојку
Уште играа:
Адеми, Абази, Зекири, Јунузи, Османи, Хасани, Саити  

Фудбалерите на Пелистер и Шкендија играа нерешено 1:1 во меч од третото коло на Б лигата на Македонија. На стадионот „Павел Шатев„ на вештачка треба се играше израмнето. Во 16 минута беше поништен голот со глава на Благојче Главевски заради офсајд. По слаломот на Петар Љамчевски во 35 минута, Пелистер поведе со 1:0. Гостите израмнија преку Нуриши од сомнителна офсајд позиција во 42 минута. Во вториот дел битолчани имаа неколку шанси за победа преку Мирчевски, Трифуновски и Кузманов.

Резултати - 3  коло

Работнички - Вардар 2-0
Пелистер - Шкендија 1-1
Металург - Силекс (утре 15:00 часот)

Табела:
Вардар 6
Работнички 6
Шкендија 5
Пелистер 2
Силекс 1 (-1)

Металург 1 (-1)

Нема коментара:

Постави коментар