ДУЕЛ НА БИВШИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ПЕЛИСТЕР МЕЃУ СЕБЕ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА И МИРОЉУБИВ ИСХОД
Во рамките на 12
коло на романската Прва дивизија се соочија клубовите на двата битолчани во
романската лига, Конкордија на Христијан Драгарски против Клуж на Мирко
Ивановски. Драгарски почна како помош за цврстата домашна одбрана, а Ивановски
дејствуваше по левата страна од нападот на гостите.
Уште во 4 минута со
несреќниот автогол на Драгарски по центаршутот на Ивановски, фаворитот поведе
со 0:1. Но во 38 минута Багариќ погоди за израмнување и 1:1 на полувреме. Ивановски
играше до 58 минута, а и покрај шансите на Клуж, мечот заврши без победник,
1:1. Условите за игра беа тешки, теренот тврд и со последици од снегот кој паѓаше
деновиве во овој дел од Романија. Клуж остана втор со 26 бода, а Конкордија е
на 15 место со 11 бода. Во наредното коло Клуж го дочекува Брашов, а Конкордија
му гостува на Пандури.
Нема коментара:
Постави коментар