ПО ЦЕЛИ СЕДУМ ГОДИНИ, ДОМАШЕН ПОРАЗ ВО ШАМПИОНАТОТ ЗА КОНСТАНЦА НА БИТОЛЧАЕНИТЕ АНГЕЛОВСКИ И ШУНДОВСКИ
Констанца на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски загуби со 28:24 на
свој терен од Политехника од
Темишвар во рамките на 9 коло
од ракометната лига на Романија.
Македонскиот голман Даскаловски забележа 15 интервенции за
гостите, кои направија пресврт во второто полувреме, откако првото го доби
бранителот на титулата со 13:9. Ова е прв пораз на домашен терен за тимот на Шундовски
и Ангеловски по седум години. Констанца остана на второто место на табелата со
16 бода, два помалку од водечкиот Минаур од Баја Маре.
Нема коментара:
Постави коментар