ГОЛЕМИТЕ ФУДБАЛСКИ АСОВИ СЕ ПОКАЖАА И КАКО ГОЛЕМИ ХУМАНИСТА
Во Битола вчера настапија Илија Најдоски, Саша Ќириќ, Томче Трајановски, Жанко Савов, Свето Станковски, Илчо Ѓорѓиоски, Бошко Ѓуровски, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Тони Наумоски, Марјан Стојкоски, а како специјални гости на настанот беше легендата на македонската кошарка Петар Наумовски и нашите музички ѕвезди Даниел Кајмакоски и Влатко Лозаноски. Средбата помеѓу македонските и битолските фудбалски ѕвезди се одигра во спортската сала „Младост“ во Битола.
Со секој купен билет љубителите на спортот
и музиката во Битола, активно придонесоа за заздравувањето на ова младо момче.
Од сите присутни најголемо внимание кај младата популација привлече Даниел
Кајмаковски-официјалниот промотор на нашата сениорска репрезентација. Тој секој
слободен момент го помина во дружење со неговите фанови. Нашите фудбалски
ѕвезди најавуват хуманитарни натревари и во останатите градови низ Македонија.
Нема коментара:
Постави коментар