НОВ БЛЕСОК НА НАЈДОБРИОТ БИТОЛСКИ ПЛИВАЧ
Пливачот на ОК Орка, битолчанецот Иван Симоновски се врати со две први и две втори места од пливачкиот 10 ти „Немо Куп„ кој се одржа во Скопје, а учествуваа пливачи од цел Балкан.
Тој сруши и два рекорди стари 20 години кои до минатиот викенд ги држеше Ненад Тасевски. На 100 метри делфин, Симоновски исплива 1:06:76, што е за 79 стотинки подобро од резултатот на Тасевски. На 200 метри делфин беше уште поубедлив, откако исплива 2:17:96, што е подобрување на македонскиот рекорд за 1:57 секунди. Битолчанецот го подобри своето време и на 50 метри делфин, каде со резултат 28:24 беше втор на митингот.

Нема коментара:
Постави коментар